Нова дрога во Србија, стопати појака од марихуаната

Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС.

Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по консумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.

Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа.

Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства.

Јелена Јанковиќ од Комисијата за борба против дрога на Министерството за здравство вели дека се работи на ставање на оваа нова супстанца на листата на психоактивни супстанци.

– Има голем ризик од срцев удар, откажување на бубрезите, проблеми со дишење. Не знаеме точно под кое име се продава на улиците, бидејќи има преку 600 термини. Најчесто се среќава под името „јагода“ и „блади мери“. Важно е да се знае дека консумирањето може да предизвика опасни последици по здравјето, истакна Јанковиќ.

Во Србија старосната граница за користење дрога е се пониска, поради тоа што Министерството за здравство предложи заострување на казнената политика за оние кои продаваат дрога на малолетници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...