Невреме во Србија, испукани 829 градобијни ракети

Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици. Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи.



Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг потврди дека во целата држава ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри.

За три часа употребени се 10 отсто од целокупните ракети на годишно ниво. Во Чачак, Ивањица и Лучаним околу 20 минути паѓаше град со големина на лешник.

Околните села претрпеа штета на овошките и посевите, пренесуваат локалните медиуми.

И територијата на Белград синоќа околу 19 часот и 40 минути беше зафатена со невреме, силен дожд, град и ветер, поради што на кратко беа прекинати фудбалските натпревари помеѓу Црвена Звезда и Напредок и Партизан и Пролетер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...