Да им се објасни на народите во Косово и Србија дека во нивен интерес е постигнување на договор

Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека „мора да им се објасни на народите на Косово и Србија дека договорот кој можеби не им се допаѓа – е во нивни најдобар интерес“.



Во разговор со украинскиот Глас на Америка, американскиот сенатор кој ги посети и Белград и Приштина минатата недела, порача дека на лидерите на Србија и на Косово е да одлучат дали можат да постигнат договор.

-Во последните неколку години, јас бев доста ангажиран на ова прашање. Мислам дека лидерите на обете држави согледуваат дека е во нивен заеднички интерес да ги остават разликите зад себе и да постигнат договор, кажа Џонсон.

Тој додаде дека „обете држави сакаат поголем американски ангажман“

-Мислам дека ќе им го понудиме, но не во смисла на наметнување и притисок, туку само во знак на поддршка на нивните напори и во создавање услови каде лидерите на двете држави ќе можат да сметаат на поддршка на Америка и Европа, откако ќе постигнат договор, рече сенаторот Џонсон.

Според него, договорот ќе биде од голема корист во однос на натамошна интеграција во европската економија, поголема слобода на патувањата, поуспешна економија, затоа што откако ќе се постигне договор ќе биде полесно да се привлечат странски инвестиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...