Над 340 потреси регистрирани во Албанија по земјотресот од саботата

Тирана, 23 септември 2019 (МИА) – Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата попладне.

Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Тирана, Драч и некои западни и централни делови, соопштија властите. Повредени се 105 луѓе.

Потресот се почувствува долж западниот брег далеку кон исток. Многу луѓе излегоа надвор од домовите кога земјотресот погоди во саботата во 16:04 часот. Најмалку 500 луѓе ја минаа ноќта во привремени засолништа.

Инспекторите вчера проценуваа оштетени згради, а на некои жители на главниот град Тирана им било кажано да не се враќаат во своите станови, кои биле проценети за небезбедни.

Во Драч, армијата постави шатори на фудбалскиот стадион каде им беа испратени храна и медицински тим за жители кои се плашеа да се вратат дома и кои планираа да поминат следната вечер пред своите домови.

Премиерот Еди Рама рече дека добил повици од европски колеги кои понудиле помош. вт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...