Силен земјотрес од 6.1 степени регистриран во Грција

Силен земјотрес беше регистриран кусо пред 9.30 часот утрово (по локално време), со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше особено почувствуван на островот Крит, а за сега, повеќе од половина час по земјотресот нема пријави за повредени лица или материјална штета.

Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.

Грчките медиуми претходно информираа, според првични информациии, дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...