Китаровиќ ќе работи на „брендирање на Хрватска“

Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар Китаровиќ, се премисли и се откажа од намерата да не бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, јавија хрватските медиуми.



Порталот Индекс потсетува дека Грабар-Китаровиќ го започна мандатот со ветување дека ќе го премести претседателскиот кабинет од Пантовчак заради штедење.

-Го завршува со најава дека ќе бара канцеларија која ќе ја користи по истекот на мандатот, коментира порталот.

Таа за телевизија Нова изјави дека по 18 февруари мислела дека нема да бара канцеларија, но се премислила.

Сака да „продолжи да работи на брендирање на Хрватска“ и за тоа и треба база. Китаровиќ истакна дека не може да седи некаде и да не прави ништо.

Тврди дека нејзиниот наследник Зоран Милановиќ нема ниту да го критикува, ниту да го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

– Но, она што ќе продолжам да го правам е да ја брендирам Хрватска, да ги промовираме нашите интереси, да работам на решавањето на социјални проблеми, од злоставување во Хрватска воопшто, не само во семејството, туку и во училиштата и на други места, заштита на животната средина, чист Јадран и слично, рече Грабар-Китаровиќ.

Според сегашните регулативи, Грабар Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина од 24.376,20 куни (околу 3.200 евра) , а потоа уште шест месеци 50 проценти од таа плата. Како поранешен претседател, таа пет години има право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита е трајно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...