Албанија прогласи состојба на природна непогода

Албанската Влада прогласи состојба на природна непогода на целата територија на земјата во период од 30 дена.

Донесувањето на оваа одлука значи дека Владата и општините имаат законска обврска да ги компензираат сите граѓани погодени од природната непогода.



- Законот за цивилна заштита предвидува дека, во зависност од видот на вонредна состојба, владата треба да преземе мерки како што се: Назначување државни објекти за да им служат на граѓаните за засолниште, евакуација на граѓаните и сместување во во безбедни места. Владата и општините се законски должни да ги компензираат сите граѓани погодени од природни непогоди,пренесува Топ чанел телевизија.

Одлуката на Владата доаѓа две недели по појавата на коронаврусот во земјата, стапува во сила веднаш.

Заклучно со вчерашните објавени податоци во земјата од „Ковид-19“ заразени се 123 лица, десет од нив се излекувани, додека пет починале.

Претходно прогласување состојба на природна непогода побара опозициската Демократска партија, која експресно ја поздрави одлуката на Владата.

-Демократската партија ја поздравува одлуката за прогласување состојба на природна непогода пет дена по официјалното барање на опозицискиот лидер Љуљзим Баша,наведува партијата.

За денеска исто така претседателот Илир Мета најави онлајн седница на Советот за национална безбедност, на која поканет за учество е и лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...