Амбасадата на САД во Приштина ги повика сите партии да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд

Приштина, 29 мај 2020 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштението на Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово“.

– Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите институциии политички партии да ја спроведат денешната и сите други одлуки на Уставниот суд на Косово. Ние бараме од сите лидери да работат заедно за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово, се вели во соопштението на дипломатското претставништво на Вашингтон во Приштина. иа/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...