Вучиќ: Мерките на Приштина се „луди“, губиме еден милион евра на ден

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека новите правила на Приштина за влез на артикли во Косово се „луди“ и додаде дека допрва ќе се види дали новата влада на Приштина ќе ги повлече. Тој исто така напомена дека интересот за косовското прашање расте и во САД и во ЕУ.



Како што јави допсиникот на МИА од Белграед, Вучиќ во Нови Пазар изјави дека Србија губи околу еден милион евра на ден заради овие мерки, но дека исто така губат и косовските Албанци , бидејќи им се потребни суровини од централна Србија и готови роизводи. Тој додаде дека слободната трговија е една од темелите на кои инсистира Белград и дека затоа се залага за посилни врски и од ЦЕФТА, за да може да се работи, да се тргува, да се градат патишта, да се поврзуваат луѓето.

– САД не го губат интересот за решавање на косовското прашање, изјави Вучиќ и додаде дека интересот за тоа прашање расте и во ЕУ.

На прашањето дали сложената состојба во САД ќе се рефлектира во пад на интересот на Вашингтон за решавање на косовското прашање или се смета на посветеноста и ентузијазмот на Ричард Гренел за постигнување на резултат, Вучиќ кажа дека разменувал пораки со Гренел и дека американскиот претставник секој ден покажува интерес.

Вучиќ истакна дека се слушнал и со претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додавајќи дека нивниот интерес не се намалува, туку расте.

– Србија мора да разговара со сите, но треба да знаеме на што ЕУ го темели својот оптимизам кога сака да го забрза процесот на решавање на косовското прашање, истакна српскиот претседател..

-Тој додаде дека досега не сум видел никаков предлог.

– Реално за нас е да седнеме и да разговараме, но да нема никакви такси или ограничувања. Јас сум секогаш подготвен, државата ми е поважна од партиските и другите прашања, порача Вучиќ, одговарајќи на прашања за Лајчак, кој најави дека дијалогот со Приштина може да продолжи до крајот на јуни и дека членките на ЕУ сакаат процесот да се забрза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...