„Уживајте во престојот и останете безбедни“ – кампања со упатства за туристите во Грција

Во пресрет на отворањето на границите и аеродромите во Грција на 1 јули, Генералниот секретаријат за цивилна заштита со девет упатства, преку кампањата „Уживајте во престојот и останете безбедни“ , ги информира туристите и посетителите за неопходните мерки за заштита од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.



Следната среда се отвораат 27 аеродроми, седум копнени гранични премини и седум пристаништа за влез во Грција, а предвидено е на сите влезни точки да постои информативен материјал и упатства за заштита од Ковид-19.

Кампањата на Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција со е во соработка на Националната организација за јавно здравје, со Агенцијата за цивилно воздухопловство, компанијата „Фрапорт“ што управува со регионалните аеродроми и атинскиот аеродром.

Упатствата се на англиски, француски и германски јазик и ги потсетуваат туристите на главните мерки за превенција, односно да користат маска, да ги дезинфицираат рацете, да одржуваат растојание, да избегнуваат употреба на лифтови, да избегнуваат допирање на очите, устата и носот, доколку е можно, да користат плаќање со бесконтактна картица и сл.

-Целта на информативната кампања, што е целосно во согласност со базата на информации на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, е да обезбеди точни информации, така што отворањето на грчкиот туризам да обезбеди безбедноста за сите, за посетителите и постојаните жители во нашата земја, соопштуваат од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...