Танјуг: Студентскиот парламент постигна договор со српскиот министер за образование

Студентскиот парламент на Белградскиот универзитет соопшти денеска дека постигнал договор со министерот за образование Младен Шарчевиќ и студентите нема да бидат иселени од домовите, а оние кои се позитивни на Ковид-19 ќе добијат можност дополнително да ги полагаат испитите.



Нагласувајќи дека чекаат усвојување на сите барања, Студентскиот парламент додаде и дека чека одговор за продолжување на рокот за престој во домовите.

– Сметаме дека донесувањето на таа одлука е итно и не смее да биде во вид на препорака, ниту како и досега да се одложува како точка на дневен ред, наведува Студентскиот парламент.

Студентите кои се заразени со коронавирус ќе добијат можност дополнително да ги полагаат испитите од роковите кои ги пропуштиле, за што ќе се заложи Министерството. За средношколците, кои ќе го пропуштат полагањето на приемниот испит, одлуката ќе биде донесена дополнително, наведува Студентскиот парламент.

Министерот Шарчевиќ изјавил за Танјуг дека в понеделник ќе се знае исходот по тоа прашање, но „секако никој нема да биде оштетен“.

Студентскиот парламент потсетува дека бројот на заразени студенти во домовите во Белград, врз основа на податоците на Заводот за здравствена заштита, изнесува 49. Студентите кои се заразени се изполирани во посебни објекти.

Претседателката на Студентскиот парламент Маргарета Смиљаниќ истакна за Танјуг дека од почетокот на вонредната состојба се водат разговори со сите надлежни за високото образование и студентскиот стандард.

– Нашите барања и молби се делумно исполнети, настојуваме да бидат целосно исполнети. Нема да дозволиме студентите да бидат иселени и да се дозволи мартовското сценарио, додаде Смиљаниќ.

Студентите денеска се собраа пред платото на Филозофскиот факултет во Белград, од каде побараа да се повлече одлуката за затворање на студентските домови и им дадоа три дена рок на надлежните да ги исполнат нивните барања. Освен тоа, тие побараа и дополнителни испитни рокови, бесплатно тестирање на Ковид-19 и лекување на заболените студенти. На студентскиот протест се обрати и ректорката на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, објави Нова.рс.

Таа изјави дека е тука да ги поддржи и ќе направи се што е во нејзина моќ оваа академска година да заврши нормално.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави во рамки на заострување на мерките за спречување на коронавирусот, дека ќе бидат затворени сите студентски домови во Белград. Тоа предизвика незадоволство меѓу студентите, кои синоќа излегоа на белградските улици во знак на протест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...