Брнабиќ: Јас сум еден од кандидатите за премиер

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ сериозно размислува да влезе во коалиција со лидерот на Српскиот патриотски сојуз (СПАС), Александар Шапиќ и наведе дека таа е еден од двајцата кандидати за премиер на новата влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, кажа дека Вучиќ бил многу разочаран од некои нему блиски лица и дека тешко ја поднел поддршката што ја има дадено коалицискиот партнер- Социјалистичката партија на Србија (СПС) на протестите на опозицијата во Белград.

-Александар Шапиќ покажа дека сака и знае како да се бори и тој покажа дека во моментите кога нашите коалициони партнери, пред сè мислам на СПС, не се бореа така, како и некои од СНС, изјави таа.

Брнабиќ не сакаше да открие кој е другиот кандидат за премиер.

-Вториот кандидат е од нашата партија (СНС), зад кого би застанала во секој момент, рече Брнабиќ.Т

Како што кажа, Вучиќ побарал од раководството на СНС да одлучи за четири опции во врска со идното партнерство. Првата е СНС да биде во коалиција со СПС, втората да биде во коалиција со СПАС на Шапиќ, третата да влезе во партнерство и со СПС и со СПАС, а последната опција е- СНС да владее сама со поддршка на малцинските партии.

-Гласав СНС сама да формира влада со малцинствата. Навистина мислам дека тоа ќе биде најдобрата можна опција за Србија, изјави Ана Брнабиќ.

Вчера во Белград се конституира новиот српски парламент кој брои 250 пратеници. Според резултатите од изборите, кои беа бојкотирани од поголемиот дел на опозицијата собрани околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС), листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ на СНС има 188 пратеници, листата на СПС има 32 мандати и изборната листа СПАС на Александар Шапиќ има 11 пратеници.

Останатите пратенички места им припаднаа на малцинските партии во Србија.

Девет пратеници доби Сојузот на Унгарците во Војводина, четири мандати има листата на Муамер Зукорлиќ, листата на Албанската демократска алтернатива има три пратеници, како и СДА на Санџак на Сулејман Угљанин.

Од конституирањето на новото свикување на Собранието започна рокот од 90 дена за формирање на новата српска Влада, која според српскиот претседател Александар Вучиќ, треба да биде формирана до крајот на овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...