Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во днешното обраќање до јавноста, говорејќи за дијалогот со Приштина, изјави дека Белград сака разговорите да бидат суштински, а не формални, да се видат конкретни чекори и тие да ги решават проблемите, јави дописникот на МИА од Белград.



-Приштина го посочи проблемот со реципроцитет, ние рековме, нема проблем, за пласманот на нашата стока, нека на пратките пишува „Србија“, не мора „Република Србија“. Но, тие тоа го одбија, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека Белград сака економска соработка, затоа што е важно да се почитуваат четирите клучни слободи – протокот на луѓе, стоки, услуги и капитал.

-Ние не зборуваме за суштински проблеми, српската страна се подготвува за дијалогот на 7 септември, кога ќе побарам исполнување на договорот од 2013 година, кој беше потпишан под покровителство на ЕУ, а тоа е формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Тој ја оцени како ужасната веста за усвојување на закон за заштита на вредностите на ОВК во Приштина, бидејќи тоа е воведување на вербален деликт, забрана за поинакво мислење и дополнително вознемирување на Србите.

Српскиот преседател потенцираше дека Србија нема да го напушти дијалогот.

-Ние сакаме вистински дијалог, а не само да ни кажуваат како треба да ги да ги признаеме…Јас тоа го кажав на Палмер и на Гренел, го кажав тоа и пред Тачи, на сите. Јас ги разбирам, тоа е политика на нивните земји…Но, ајде да зборуваме за отворање на железнички линии, авиокомпании…Некои очигледно не се заинтересирани за тоа, кажа Вучиќ.

Владиниот координатор на Приштина за дијалог со Белград, Скендер Хисени, во четвртокот изјави дека договорот меѓу двете страни за взаемно признавање на Косово и Србија ќе се постигне за 12 месеци или процесот на помирување ќе пропадне целосно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...