Европскиот парламент ја повика Бугарија целосно и безусловно да ги почитува вредностите на ЕУ

Во резолуцијата усвоена со 358 гласа за, 277 против и 56 воздржани, европратениците ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“, јави дописникот на МИА.

-Владеењето на правото значи поделба на власта, но обвинувањата за судска корупција и политички мотивирани гонења се зголемуваат. Владеењето на правото значи слобода на медиумите, но гледаме дека владата врши се поголемо влијание врз јавните медиуми и прибегнува кон клиентализам кога станува збор за приватни медиуми. Владеењето на правото значи да се залагаме за граѓанските права, но ние сме сведоци на полициско насилство и сузбивање на малцинските права, рече известувачот и предлагачот на резолуцијата Хуан Фернандо Лопез Агилар (социјалисти и демократи, Шпанија) рече:

Усвоената резолуција другото се фокусира на постојаните системски проблеми во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Главниот обвинител и неуспехот да се почитуваат повеќе од 79 пресуди на Европскиот суд на правдата.

Така во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени меѓу другото и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија : пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација Илинден и други (апликација бр. 59491/00); пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) (апликација бр. 34960/04); пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) (апликација бр. 29496/16); пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други (апликација бр. 70502/13).

Притоа се бара од бугарските власти да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата.

Резолуцијата се однесува на значителното влошување на почитувањето на принципите во врска со владеењето на правото, демократијата и основните права, особено независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиуми . Исто така, како и на постојаните системски прашања во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Јавниот обвинител.

Другите проблеми околу кои постои загриженост меѓу европратениците за Бугарија се однесуваат на: уставните реформи, кои треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди; можните измени во изборниот закон, неколку месеци пред следните законодавни избори; усвојување на законодавство преку забрзани процедури; недостаток на резултати од истраги за корупција на високо ниво; состојбата на основните права во Бугарија, особено во врска со говорот на омраза, сексот и половата дискриминација, како и правата на Ромите и барателите на азил.

Европратениците ги осудуваат кампањите на клевета и насилните инциденти против новинарите. Тие се многу загрижени за влошувањето на слободата на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите, како и повластената распределба на средствата на ЕУ за провладините медиуми. Европратениците ја повторија потребата од построга контрола врз начинот на трошење на средствата на ЕУ и повикуваат на итни одговори на загриженоста дека парите на даночните обврзници се користат за збогатување на оние поврзани со владејачката партија.

-Парламентот испраќа силен сигнал дека не можеме да замижуваме кон земјите на ЕУ кои имаат проблем со владеењето на правото и основните права. Народот на Бугарија заслужува да живее во европска земја ослободена од корупција и каде што нивните права се загарантирани со владеењето на правото , рече европратеничката од Зелените, Ска Келер.

Гласањето на Европскиот парламент е необврзувачко, но има за цел да изврши притисок врз бугарската влада по повеќемесечните антивладини протести, во време кога институциите на ЕУ го мерат механизмот за поврзување на исплатата на средствата на ЕУ со критериумите за владеење на правото. Опозициските политичари и демонстранти го обвинуваат Борисов дека дозволил олигархиска мафија да изврши влијание преку клучните институции како што се судството, медиумите и безбедносните служби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...