Демостат: Во Србија конфузија и недоверба на информациите за корона

Во услови кога Србија бележи нов црн рекорд на заразени со коронавирусот или 1545 колку се регистрирани денес, според истражувањето на Демостат кај граѓаните постои голема недоверба на информации за коронавирусот што ги даваат надлежните актери, а довербата е поголема од недовербата само во случај на лекарите и научниците, што доведува до конфузија, па значителен процент сметаат дека мачките што се чуваат во домовите штитат од оваа зараза или „мислат дека има нешто во таквото тврдење“, јави дописникот на МИА од Белград.



-Процентот кој им верува на лекарите и научниците е 44 отсто, наспроти 14 проценти кои не им веруваат, додека останатите се неодлучни, изјави социологот Среќко Михаиловиќ, на презентацијата на истражувањето на Демостат направено кон средината на септември, на примерок од 1.200 испитаници.

Како што покажа истражувањето, недовербата во претседателот Александар Вучиќ, кога станува збор за короната, изнесува 39 отсто, 31% му веруваат, а 35 проценти изразија недоверба во Кризниот штаб-наспроти 30% кои имаат доверба, а во владата недоверба имаат 41 отсто, наспроти 26 процент кои имаат доверба.

-Најмала доверба граѓаните имаат во медиумите кои информираат за короната – 19 отсто, наспроти 36 проценти кои имаат недоверба, кажа Михаиловиќ, нагласувајќи дека процентот на лица што имаат недоверба и кај неутралните е „катастрофален“.

Истражувањето покажа дека 10 отсто од испитаниците не се придржуваат до мерките за заштита, додека половина од нив доследно ги спроведуваат, додека половина како кога.

Според истражувањето на Демостат, една четвртина од испитаниците сметаат дека маските не спречуваат нормално дишење, додека 40 проценти мислат поинаку, што е последица на недостаток на јасни и униформни ставови на властите.

На прашањето дали би ја примиле вакцината за корона доколку е достапна и бесплатна, половина од испитаниците изјавиле дека сакаат, 31 отсто дека не сакаат, додека 17% се неодлучни, што, како што процени Михаиловиќ, го покажува поразителниот факт колку не и се верува на науката.

На прашањето дали ја почитуваат физичката оддалеченост, тој изјави дека 54 отсто одговориле дека го прават тоа, 11% дека не го прават, а 35 отсто одговориле со да и не.

Две третини од испитаниците одговориле позитивно дека секогаш носат маска таму каде што има многу луѓе, а 11% дека тоа не го прифаќаат.

-Педесет и седум проценти од испитаниците изјавиле дека не веруваат дека мачката во куќата штити од корона, додека 6 проценти веруваат во тоа. Донекаде дека е тоа точно, како и дека не знаат одговориле 29 и 8 проценти, што значи дека 37 проценти се неодлучни, кажа Михаиловиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...