Дачиќ: ДОС му понуди на Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но тој одби

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Демократската опозиција на Србија (ДОС) му понудила на поранешниот претседател на СР Југославија и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но дека тој одбил затоа што мислел дека нема од што да бега, јави дописникот на МИА од Белград.



Дачиќ на телевизија Хепи говорејќи за периодот по демократските промени во Србија по 5 октомври 2000 година, кажа дека сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ била против заминувањето.

-Тогаш беше лесно да се убеди Слоба да не бега, но кога луѓето почнаа да зборуваат за (убиениот новинар Славко) Чурувија, таа замина во Русија. Па зошто тогаш не му даде на Слоба да замине во Русија, кој знае што би се случило во меѓувреме, кажа Дачиќ.

Тој додаде дека во времето кога Милошевиќ бил уапсен, тој бил пред неговата вила на Дедиње заедно со другите членови на СПС, бидејќи не бил во тесното раководство на партијата, ниту меѓу пријателите на семејството Милошевиќ.

Дачиќ кажа дека на 6 октомври 2000 година, добар дел од раководството на СПС ја напуштило партијата.

-Функционерите ја напуштаа партијата. Преку Танјуг даваа изјави дека никогаш не се согласувале со политиката на Милошевиќ, изјави Дачиќ и посочи дека во тоа време градските простории на СПС биле уништени и дека партијата „се обновувала“ од просториите во Вождовац.

Дачиќ истакна дека не го познавал добро семејството Милошевиќ, но дека се обидувал да им излезе во пресрет и да помогне во одбраната на Милошевиќ, „затоа што тој не беше предавник“.

Во Србија по емитувањето на ТВ серијалот „Семејство“ на РТС, за периодот на апсењето на Милошевиќ од владата на ДОС, се разви голема полемика околу ликот и делото на Слободан Милошевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...