Мета: Времето за говори заврши, да му го покажеме место на овој мафијашки режим

Претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, кој до 24 јули беше шеф на албанската држава, од говорницата на протестот жестоко го нападна премиерот Еди Рама, обвинувајќи го, со најпогрдни зборови, за нападот врз претседателот на Демократската партија, Сали Бериша.



-Не би сакал долго да зборувам бидејќи ја имав таа среќа да го направам ова пред вас пред неколку недели, но денес верувам дека е многу јасно: времето на зборови и говори мора да отстапи место за времето на организирани акции за да ѝ се покаже на земјата, најгадното дете на оваа земја, што денеска на денот на Европскиот самит организираше настан достоен за шизофрен, деликвент и кримналец, обвини Мета.

Исто така Рама го нарече „антиалбанец кој ќе ја уништи Албанија со депопулацијата на Албанците“.

– Тој е антиалбанец реализатор на платформата за етничко чистење што денес ја чувствува секое албанско семејство со депопулацијата, преку инсталирање на мафијашки режим. Затоа сите заедно со поемата на Хавзи Нела „Слобода или смрт“ да му го покажеме местото на овој мафијашки режим. Поздрав од се срце до Вас и лидерот на ДП, професор доктор Сали Бериша. Слобода, демократија, ние сме Европа, порача Мета.

Двочасовниот протест одржан во близина на хотелот „Дајти“, надвор од безбедносниот периметар на плоштадот „Народни херои“ мина мирно, освен со нападот со тупаница врз Бериша, што според последните информации од надлежните, го извршил 31 маж со психички проблеми.

Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нема да го порази народот и опозицијата“.

-Ништо на светот не може да не победи нас, луѓето на опозицијата, луѓето на победата. Долу Еди Рама, долу криминалците, ќе победиме. Да живее албанската опозиција. Голема почит што сте овде денес да протестирате против режимот на криминалците. Ви благодарам многу, рече Бериша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...