
|
 |
Вести / Балкан
Рикер: УНМИК се соочува со предизвици на северот на Косово
Приштина, 9 мај (МИА) - Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер денеска изјави дека Мисијата на ОН се соочува со предизвици на северот на Косово и нагласи дека разговорите со претставниците на Србите од северниот дел и со властите во Белград засега не даваат резултати.
Рикер наведе дека одржувањето на српските локални избори на Косово не е прифатливо, бидејќи придонесува за создавање на паралелни административни структури.
Тој го пофали односот на жителите на Косово кон овој проблем и додаде дека тоа е одраз на зрелост.
Шефот на УНМИК повтори дека одржувањето на локалните избори на Србија во Косово е во спротивност на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и дека резултатите од евентуалните вакви избори ќе се сметаат за невалидни.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|