сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

„Блиц“: Договорот за стабилизација и асоцијација ја зголеми популарноста на коалицијата „За европска Србија“

Белград, 9 мај (МИА) - Потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ резултира со зголемување на рејтингот на коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател, Борис Тадиќ, оценува белградскиот весник „Блиц“ во анализата на анкетата на агенцијата ЦеСид спроведена воочи предвремените парламентарни избори во Србија што ќе се одржат во недела.

Најновата анкета покажува дека на изборите се очекува тесна победа на Српската радикална партија (СРС), која може да се надева на меѓу 1,4 и 1,55 милиони гласови, пред коалицијата на ДС кој би добила меѓу 1,35 и 1,55 милиони гласови.

Според програмскиот директор на ЦеСид, Ѓорѓе Вуковиќ разликата меѓу радикалите и блокот на ДС сега изнесува околу 10.000 гласа, додека пред потпишувањато на Договорот за стабилизација и асоцијација таа изнесуваше над 100.000 гласови.

Растот на популарноста на ДС резултираше со пад на рејтингот на двата останати „демократски“ блока.

Така коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и на Нова Србија (НС), предводена од премиерот Воислав Коштуница сега може да се надева на меѓу 450 и 500 илјади гласови, додека пред склучувањето на Спогодбата анкетите и предвидуваа скор од околу 550.000 гласови.

Либерално демократската партија (ЛДП) сега може да се надева на меѓу 270 и 330 илјади гласови, додека пред договорот се прогнозираше дека ќе освои над 330.000 гласови.

Коалицијата предводена од Социјалистичката партија на Србија (СПС) пак може да се надава на меѓу 250.000 и 300.000 гласови, што е во рамките на претходните прогнози од околу 290.000 гласови.

Се предвидува дека на изборите ќе гласаат околу 4,1 милион избирачи.


Наjновo од Вести
Не може една држава да има монопол над име
Да не наседнуваме на грчките провокации
Советници на ВМРО - НП преминаа во редовите на ДПМНЕ
Двоен инцест во финско семејство
Црна Гора го претстави новиот пасош
Македонски иноватори наградени на меѓународната изложба
Три лица загинаа во Турција при експлозија на мина
Ѓул: Најновиот воздушен напад на турската армија против бунтовниците од ПКК меѓу најжестоките досега
Во Војводина в недела избори за три нивоа на власта
Тачи: Изборите во Србија нема да влијаат врз стабилноста на Косово
Во Србија в недела парламентарни избори
Рикер: УНМИК се соочува со предизвици на северот на Косово
„Блиц“: Договорот за стабилизација и асоцијација ја зголеми популарноста на коалицијата „За европска Србија“
Ѓул: Процесот за забрана на Партијата на правдата и развојот штети на позитивниот имиџ на Турција
Галеби ги запоседнаа училиштата во хрватското приморје
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи