
|
 |
Вести / Балкан
Во Србија в недела парламентарни избори
Белград, 9 мај (МИА) - Во Србија в недела ќе се одржат осмите парламентарни избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во деведесетитте години од минатиот век, на кои граѓаните ќе се определуваат за една од 22-те изборни листи.
На листите се наоѓаат вкупно 3.137 кандидати на партии и коалиции, од кои на десет листи се претстаници на партиите на националните малцинства.
Избирачките места ќе бидат отворени од седум часот до 20 часот, а граѓаните ќе можат да гласаат само на она избирачко место, каде што се впишани во избирачкиот список.
Избирачко право во Србија имаат вкупно 6.749.688 граѓани, кое може да го оставарт на 8.682 избирачки места.
На парламентарните и локалните избори право на глас имаат и внатрешно раселените избирачи од косовската територија и интерно раселените внатре Косово, кои можат тоа право да го остварат на посебни избирачки места, кои ги одреди Републичката изборна комисија.
На Косово ќе можат да гласаат 115.712 избирачи, при што ќе бидат отворени 295 избирачки места, додека на 16 посебни избирачки места ќе можат да гласаат внатрешно раселените лица.
Право на глас на локалните избори на Косово имаат 201.751 избирач, според податоците на српската Републичка изборна комисија. Во таа бројка влегуваат и оние избирачи кои правото на глас ќе го остварат на посебните избирачки места во Србија.
Исто така на 75 избирачки места во 40 земји ширум светот ќе може да гласаат нешто повеќе од 51 илјада избирачи.
Предизборниот молк во Србија почна ноќеска на полноќ и ќе трае до затворањето на избирачките места во недела во 20 часот.
Републичката изборна комисија изборните резултати треба да ги утврди до 15 мај во 20 часот, но прелиминарните резултатите ќе бидат познати и порано.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|