
|
 |
Вести / Балкан
Во Војводина в недела избори за три нивоа на власта
Нови Сад, 9 мај (МИА) - Нешто повеќе од 1,7 милиони избирачи во Војводина ќе можат в недела да гласаат на вкупно 1.782 избирачки места за пратеници во републичкиот Парламент и покраинското собрание, како и за одборници во локалната самоуправа, соопшти денеска Покраинската изборна комисија (ПИК).
Конечниот број на избирачите во Војводина ќе биде утврден до крајот на денов, кога од општините ќе бидат доставени податоци за дополнителни уписи во бирачките списоци по основа на судски одлуки, изјави претседателот на ПИК Слободан Надрљански.
За разлика од изборите во останатиот дел на Србија, во Војводина граѓаните ќе се изјаснуваат за своите претставници заокружувајќи броеви на четири гласачки ливчиња.
Освен народни пратеници и одборници, со помош на уште две ливчиња ќе се бираат и 120 покраински пратеници по комбиниран изборен систем, така што половина ќе бидат избирани по пропорционалниот модел, во кој покраината е една изборна едница, а останатите 60 според мнозински систем.
Според мнозинскиот принцип во секоја од 45-те војводински општини ќе бидат избрани најмалку еден пратеник, додека поголемите градови на Покраината на тој начин ќе дадат од два до седум свои претставници во покраинскиот парламент.
Надрљански потсети дека во рамки на изборот на покраинските пратеници според пропорционалниот систен ПИК прогласила вкупно девет изборни листи, од кои осум се на партии и коалиции и една на група граѓани.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|