
|
 |
Вести / Балкан
Црна Гора го претстави новиот пасош
Подгорица 9 мај (МИА) - Црна Гора им го претстави на своите граѓани новиот пасош, кој ќе ги замени досегашните сини југословенски документи, кои Црногорците ги користат од средината на 1990 година, кога земјата остана еднствената држава во федерацијата со Србија, по распаѓањето на Југославија.
Новата патна исправа е претставена две години откако Црна Гора прогласи независност од Србија.
Пасошот содржи биометриски податоци, согласно стандардите на ЕУ.
- Овој документ е важен услов земјата да биде ставена на белата шенген листа, изјави министерот за внатрешни работи Јусуф Каламперовиќ на церемонија на која група одлични студенти беа наградени со првите нови пасоши.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека Владата намерно го избрала денешниот датум за презентирање на пасошите со цел да се совпадне до 9 мај- Денот на Европа и на тој начин да се изрази посветеноста на земјата кон стекнување членество во ЕУ.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|