петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

Словенечкото претседателство на ЕУ ја поздрави „јасната победа“ на проевропските сили на изборите во Србија

Брисел, 12 мај (МИА) - Словенечкото претседателство на Европската унија ја поздрави „јасната победа“ на проевропските сили на парламентарните избори во Србија, каде коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ освои најмногу гласови.

Во соопштението на претседателството се изразува надеж дека набргу ќе биде формирана нова влада со јасна европска програма.

ЕУ го поздрави и мирното одржување на изборите, кои според првичните проценки минале на слободен и демократски начин.

Словенечкото претседателство нагласи дека победата на проевропските сили во Србија ќе и помогне на земјата да продолжи да чекори на патот кон ЕУ и да добие статус на кандидат.

- Победата на проевропските сили во Србија е изненадувачко голема и таа победа е добра вест за Југозападна Европа, за Балканот и за Словенија, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел.

Според Рупел победата на коалицијата на Тадиќ е важна за стабилноста во регионот и за натамошниот економски развој на земјата.

Коалицијата „За европска Србија“ освои 36,69 проценти од гласовите или 102 мандати во 250-члениот српски Парламент, според најновите податоци на Републичката изборна комисија (РИК), објавени врз база обработка на податоците во 33,91 проценти од избирачките места.

Српската радикална партија освои 28,57 проценти од гласовите или 80 мандати, а коалицијата предводена од Демократската партија на Србија на Вослав Коштуница е трета со 13,54 отсто од гласовите или 37 пратенички места.

Коалицијата, предводена од Социјалистичката партија на Србија освои 9,14 проценти или 25 мандати.

Останатите политички сили, вклучувајќи ја и Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ не го минаа петпроцентниот праг за влез во Парламентот, соопшти РИК. Според РИК ЛДП освои 4,64 проценти од гласовите, но Јовановиќ смета дека неговата партија добила 5,2 отсто од гласовите и оти ќе има 13 или 14 мандати во новиот парламентарен состав.

Според РИК избирачката актиовност изнесувала 62,48 отсто.

Согласно законот конечните резултати од изборите ќе бидат соопштени не подоцна од 96 часа од завршувањето на гласањето, односно на 15 мај до 20 часот.

Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) на локалните избори во Белград и во Војводина води проевропската коалиција, а на Косово, каде беа организирани избори и покрај тоа што УНМИК соопшти дека тие не се легални, победија радикалите.


Наjновo од Вести
За пет дена започнуваат истражувањата на тврдината Исар во Штип
Велика Британија прв пат ќе воведе пасошка контрола на границата кон Ирска
Роковите за затворање на Трибуналот не важат за Караџиќ
Јеремиќ: Србија ќе ги врати амбасадорите во земјите-членки на ЕУ
Почнува изградбата на нов терминал на тиранскиот аеродром
Поголем дел од Романија погодена од обилни дождови и силни ветрови
Еврејски доселеници нападнаа палестинско село
Адвокатот на Караџиќ пријавил кривично дело грабнување на неговиот клиент
Плакати за поддршка на Караџиќ и Младиќ осамнаа во Вишеград и Зворник
Две деца загинаа при експлозија во Југоисточна Турција
Караџиќ го користел идентитетот на мртов босански војник
Стејт департмент: Никој не бараше награда за Караџиќ
Судот во Хаг осуди косовски новинар за откривање на идентитетот на заштитен сведок
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи