
|
 |
Вести / Балкан
Кушнер: Србија ја избра Европа
Париз, 12 мај (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер ја поздрави победата на коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ на парламентарните избори во Србија и нагласи дека српските граѓани „јасно ја избрале Европа“.
Во соопштението од француското МНР се наведува дека Кушнер во телефонски разговор со претставници на ДС им честитал за убедливата победа на изборите.
Францускиот државен секретар за европски прашања Жан-ПJер Жуие исто така изрази задоволство од резултатите на изборите.
- По овие избори ќе продолжиме да ја конкретизираме европската перспектива на Србија, изјави Жуие и додаде дека Србите знаат дека можат да сметаат на Европа и Франција.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|