
|
 |
Вести / Балкан
ЦеСИД: Коалицијата „За европска Србија“ поведи на изборите во Србија
Белград, 11 мај (МИА) - Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ победи на денешните вонредни парламентaрни избори во Србија, соопшти српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД).
Според ЦеСИД врз основа на 50 отсто од обработените податоци, коалицијата „За европска Србија“ освоила 39 отсто од гласовите, пред Српската радикална партија (СРС) за која гласале 28 проценти од избрачите што денеска го искористија своето гласачко право.
Врз основа на овие податоци, коалицијата „За европска Србија“ во идниот состав на Собранието би имала 103 пратеници, а радикалите 66.
Според ЦеСИД, коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и Нова Србија (НС) осволила 11,6 проценти од гласовите и 30 пратеници, блокот предводен од Социјалистичката партија на Србија (СПС) 8 отсто и 21 мандат, а Либерално демократската партија (ЛДП) 5,2 проценти и 13 пратенички места.
Од партиите на малцинствата, Унгарската коалиција освоила 4 пратеници, „Листата за европски Санџак“ - два или три, а коалицијата на Албанците од југот на Србија еден пратеник.
Изборниот штаб на коалицијата „За европска Србија“ информира дека овој блок освоил 38 отсто од гласовите, а радикалите 28,1 процент.
Потпреседателот на ДС, Драган Шутановац соопшти дека на коалицијата „За европска Србија“ и припаднале 106 пратенички места, а на СРС - 78.
Според податоците на коалицијата „За европска Србија“, блокот на ДСС и НС освоил 11,5 отсто од гласовите и 32 пратеници, а сојузот на СПС добил 8,9 проценти и 25 мандати.
Обработените податоци на коалицијата „За европска Србија“ покажуваат дека ЛДП освоила 4,7 отсто од гласовите и не го минала изборниот праг.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|