Галак: Јасна победа на проевропските сили на изборите во Србија
Брисел, 12 мај (МИА) - Кристина Галах, портпарол на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, оцени синоќа во Брисел дека на изборите во Србија јасна победа понеле проевропските партии.
- Народот на Србија им даде јасна победа на партиите кои се за Европската унија, истакна Галах.
- Се радувам на блиската соработка со новата влада, која би била формирана во овој нов мандат, додаде портпаролот на Солана.
|