Вести / Балкан
РИК: Коалицијата „За европска Србија“ освои 102 , а СРС 77 мандати
Белград, 12 мај (МИА) - Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ освои 38,75 отсто од гласовите или 102 мандати, а Српската радикална партија (СРС) 29,22 отсто, односно 77 мандати во српскиот Парламент, соопшти денеска српската Републичка избора комисија (РИК).
На прес-конференцијата во Белград претставници од РИК соопштија дека врз основа на обработени 97,84 отсто од гласачките ливчиња, односно 91,84 отсто од избирачките места, коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и Нова Србија (НС) освоиле 11,34 проценти од гласовите, односно 30 мандати.
Блокот предводен од Социјалистичката партија на Србија (СПС) освои 7,75 отсто од гласовите или 20 мандати, а Либерално демократската партија (ЛДП) 5,30 отсто, односно 14 мандати.
За Бошњачката коалиција гласале 0,92 отсто, што значи две пратенички места, а за Унгарската коалиција 1,86 отсто или четири мандати.
Коалицијата на Албанците од Прешевската долина освои 0,39 отсто од гласовите, односно еден мандат во српскиот Парламент.
|
|