недела, 12.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

Албанската Влада ќе даде околу 48 милиони евра за помош на земјоделскиот сектор

Тирана, 12 мај (МИА) - Владата на Албанија почна со реализација на шест програми со буџетски средства, во вредност од 48 милиони евра за помош на земјоделскиот сектор во земјата, објави министерот за земјоделство Јемин Гјана.

 - Средствата за оваа програма ќе бидат набавени од државниот буџет, појасни Гјана и додаде дека со нив се цели да се изградат подобри контролни механизми за заштита на корисниците.

Во рамки на оваа програма се предвидува да се изврши модернизација на напоителните системи, да се рационализира управувањето на водните ресурси, да се обезбеди опрема за борба со поплавите и да се отвори ново претпријатие за преработка на плодови и зеленчук.

 - Целта ни е со овие програми да ги стимулираме и да ги зголемиме доходите на земјоделските произведувачи, изјави министерот.

Тој додаде дека неговото Министерство го адаптирало законодавтсвото во согласност со европските норми. гп/ссм/13:28

 



###

„Имерисија“: Договорот за ОТЕ ќе биде потпишан до четврток

Атина, 12 мај (МИА) - Договорот за грчката телекомуникациска компанија ОТЕ ќе биде потпишан до четврток 15 мај, пишува денеска грчкиот весник „Имерисија“.

Грчката Влада и германската компанија Дојче телеком преговараат за идниот удел во акциите и за управувањето со грчкиот телеком. 

Минатата седмица Комисијата за приватизација даде зелено светло за зделката, која треба да биде одобрена и од Владата, но и од грчкиот Парламент.

„Имерисија“ тврди дека зделката се наоѓа во финална фаза и дека е договорено Дојче телеком да купи три отсто од акциите што сега се во сопственост на државата.

Германската компанија веќе постигна договор за купување на 20 проценти од акциите на ОТЕ, кои се во сопственост на Марфин инвестмент груп холдингс.

Според весникот во овој договор се допушта можност Дојче телеком до 2011 година да купи 40 проценти од акциите на ОТЕ.

Весникот „Нафтемборики“ смета дека моделот за приватизација на телекомот ќе биде употребен и во други случаи.

- Под сенка на договорот за ОТЕ, Министерството за економија планира да направи серија од помали зделки за приватизација. Први на списокот се пристаништата во Пиреа и Солун, од кои делови ќе бидат дадени на концесија и до 30 години, пишува весникот. дб/ссм/12:18 

###

Аеродромот во Белград ќе добие „лиценца 3Б“

Белград, 12 мај (МИА) - Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград во септември, најдоцна во октомври ќе добие лиценца за „категорија 3Б“, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Новиот систем ќе дозволи авионите да слетуваат во Белград при минимална видливост од само 50 метри и така проблемите со маглата, поради кои аеродромот минатата година често беше затворан, ќе се сведат на минимум.

Во моментот аеродромот има лиценца за „категорија 2“, која дозволува авионите да слетаат при минимална видливост од повеќе од 350 метри. гп/ссм/11:49



###

Бугарија има поголеми проблеми од Романија во ЕУ-поглавјето Корупција

Букурешт, 12 мај - Бугарија има поголеми проблеми од Романија во поглавјето „Корупција“, објавува денеска весникот Гандул. Тој факт како и мафијата, која одредува правила во Бугарија, ги плаши оние што сакаат да инвестираат таму и поради тоа тие се преориентираат кон Романија.

Весникот цитира изјава на анонимен бизнисмен дадена за Ројтерс, кој вели дека во Бугарија корупцијата е насекаде.

„Целиот свет знае, ама никој не реагира. Ако продолжи тоа, си ги пакувам куферите и заминувам, на пример во Романија“.

Весникот наведува дека таквите изјави противречат на Транспаренси интернешнал дека Романија е најкорумпираната држава во ЕУ.

Инвеститорите тврдат дека во Бугарија е речиси невозможно да се почнат инвестиции без да биде платен поткуп или без да се влезе во контакт со мафијата. Во статијата, весникот наведува дека поголемиот дел од инвестициите се во недвижнини, област најлесна за перење пари.

- Организираниот криминал и политичката класа се неразделни во Бугарија. Во Романија тие изгледаат дека се разделени што значи дека проблемот може да се реши побрзо, изјавил за весникот странски дипломат. зш/11:46

 


###

Лидерот на српската ЛДП Јовановиќ изрази задоволство од претставувањето на својата партија на изборите во Србија

Белград, 12 мај (МИА) - Либерално-демократската партија (ЛДП) има доволно причини за радост, со оглед на тоа што Србија направи голем чекор напред, изјави лидерот на партијата Чедомир Јовановиќ, оценувајќи дека на изборите граѓаните покажале многу поголема сериозност од партиите.

Јовановиќ нагласи дека ЛДП ќе разговара со Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ, која според него ќе биде најодлучната препрека за враќањето на Србија во минатото.

Лидерот на ЛДП изјави дека неговата партија освоила меѓу 13 и 14 пратенички места, што ја обврзува да ја имплементира политиката, претставена во текот на кампањата. ац/11:45

 

 

###

Црногорскиот туризам оваа година отворен за 50 илјади работници од соседните земји

Подгорица, 12 мај (МИА) - Во Црна Гора во секторот на туризам, хотелиерство и  други услужни дејности оваа сезона работа ќе најдат околу 50 илјади работници од соседните земји, што е за 15 проценти повеќе од минатата година, пишува денеска црногорскиот весник „Виести“, објавувајќи ги прогнозите на Црногорскиот туристички сојуз (ЦТС).

Минатата туристичка сезона, која се смета за најуспешна досега во земјата работа пронашле меѓу 20 илјади и 30 илјади сезонски работници од соседните земји, истакна Предраг Јелушиќ, претседател на ЦТС.

Тој нагласи дека сезонските работници се еднакво платени, како и граѓаните на Црна Гора, а во некои области се постимулирани од останатите работници. ац/11:33

 

 

###

Околу 60 проценти од Словенците користат Интернет

Љубљана, 12 мај (МИА) - Минатата година Интернет користеле 942.000 Словенци или 59 проценти од населението на возраст меѓу 16 и 75 години, што Словенија ја вбројува меѓу просечните членки на Европската унија, соопшти словенечкиот Научен центар за методологија и информатика.

Првата ваква студија овој центар ја спроведе во 1996 година, кога само четири проценти од словенечката популација користела Интернет.

Слични се резултатите и од истражувањето на компанијата „Ваикон“ во кои се наведува во Словенија најчесто Интернет користат лицата на возраст меѓу 15 и 34 години.

Корисниците на Интернет во Словенија најчесто се интересираат за вести, но и за новини од светот на музиката и филмот.

Најактивни корисници на Интернет се студентите, а по нив следат средношколците и основците, додека најретки посетители се вработените во јавниот сектор.

Компаративните податоци покажуваат дека Словенија се наоѓа во групата просечни земји на Унијата. Според податоците на статистичката служба на ЕУ - Еуростат за 2007 година просечниот број на корисници на Интернет седмично за Совенија изнесувал 52 проценти, додека за ЕУ 59 проценти. дб/ссм/11:20

###

Во Грција недостиг на горива поради штрајкот на сопствениците на камиони-цистерни

Атина, 12 мај (МИА) - Грција се соочува со опасноста од недостиг на горива поради повеќедневниот штрајк на сопствениците на камиони-цистерни, кој доведе до тоа многу бензински станици ширум земјата останаа без бензин.

Недостигот на бензин и дизел гориво за моторни возила најмногу се чувствува во Атина, каде илјадници возила чекаат на пумпите, а редовите се долги и до два километри, но и на други места во Грција.

Според некои проценки околу 70 проценти од бензинските станици во земјата останале без гориво.

Сопствениците на камионите-цистерни штрајкуваат веќе една недела, барајќи зголемување на цените на услугите за 13 проценти, поради растечките трошоци предизвикани од зголемувањето на цената на нафтата на светскиот пазар, додека Владата им понуди пет отсто.

Синдикатот на сопствениците на камиони треба денеска да се состане и да одлучи за натамошните чекори. Во случај да биде донесена одлука за продолжување на штрајкот кризата со недостиг на горивото ќе се продлабочи. Штрајкот би можел да влијае на целиот пазар, бидејќи тони стока се собираат на пристаништата, чекајќи превоз до магацините.

Таксистите, кои бараат од Владата да им дозволи зголемување на цените за повеќе од пет проценти, исто така најавија дека ќе се приклучат кон штрајкот и оти денеска ќе ја запрат работата на 24 часа. ац/9:29

 

###

Повторно бомбардирани цели на ПКК во Северен Ирак

Анкара, 12 мај (МИА) - Турски воени авиони бомбардирале цели на курдските бунтовници во Северен Ирак.

Бомбардирањето се случило синоќа во близина на турско - ирачката граница, соопшти на официјалниот сајт Патриотскиот сојуз на Курдистан, партијата на ирачкиот претседател Џалал Талабани.

Турската армија засега не ја потврди информацијата.

Турски воени авиони вчера пукале и во планинскиот реон крај градот Зако, се додава во соопштението. зш/9:16




###

Турција ја провоцира Грција преку официјалниот сајт на турското МНР, тврди грчкиот печат

Атина, 12 мај (МИА) - Серија турски провокации кон Грција овој пат се појавија на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Турција, пишува денеска атинскиот весник „Елефтерос“.

Весникот наведува дека провокациите се појавиле само неколку дена по разговорите на шефовите на дипломатиите на двете земји, што се одржаа минатата седмица во Брисел.

- Така и овој пат се покажа дека насмевките и љубезноста на министрите пред телевизиските камери се далеку од реалноста, коментира „Елефтерос“.

Грчкиот весник „Етнос“ објавува делови од интернет страницата на турското МНР, во кои, според весникот, се дава оценка дека „Грција е опседната со силна желба за територијална експанзија преку прекршување на Лозанскиот договор со Турција“ и дека „турското малцинство во грчка Тракија живее во забранета воена зона“.

Според весникот, на сајтот на турското МНР било наведено дека „секое дејство од страна на Грција за проширување на нејзините територијални води надвор од пропишаните шест морски милји во Егејското море е неприфатливо за Турција и ќе се смета за казус бели (причина за војна)“.

Во текстот, за кој грчките весници тврдат дека се наоѓа на официјалниот сајт на турското МНР, се нагласува дека Грција во нејзиниот стремеж за „хомогенизација“ на сопствената нација не го прифаќа идентитетот на останатите етнички групи во земјата - Македонци, Албанци, Власи, Бугари, Турци, Евреи и Муслимани.

- Според текстот на сајтот геноцидот врз црноморските Грци е „најобична пропаганда“ насочена против Турција, потенцира „Етнос“.

Весникот цитира и друг извадок од текстот во кој се наведува дека дестабилизацијата на Турција е „примарна“ цел на Грција.

Весникот „Катимерини“ ја објавува реакцијата на портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, кој наведува дека Атина внимателно го следи сајтот на турското МНР во неговиот дел за односите со Грција и дека се преземени сите дипломатски мерки.

Претставник на најголемата опозициска партија во Грција - ПАСОК за весникот „Елефтеротипија“ го окарактеризира сајтот на турското Министерство како „провокативен“ и „целосно неточен“, при што додава дека Турција во последно време почнала да се оддалечува од демократијата. дб/јт/9:09 

###

Галак: Јасна победа на проевропските сили на изборите во Србија

Брисел, 12 мај (МИА) - Кристина Галах, портпарол на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, оцени синоќа во Брисел дека на изборите во Србија јасна победа понеле проевропските партии. 

- Народот на Србија им даде јасна победа на партиите кои се за Европската унија, истакна Галах.

- Се радувам на блиската соработка со новата влада, која би била формирана во овој нов мандат, додаде портпаролот на Солана. ац/8:15

 

###

Словенечкото претседателство на ЕУ ја поздрави „јасната победа“ на проевропските сили на изборите во Србија

Брисел, 12 мај (МИА) - Словенечкото претседателство на Европската унија ја поздрави „јасната победа“ на проевропските сили на парламентарните избори во Србија, каде коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ освои најмногу гласови.

Во соопштението на претседателството се изразува надеж дека набргу ќе биде формирана нова влада со јасна европска програма.

ЕУ го поздрави и мирното одржување на изборите, кои според првичните проценки минале на слободен и демократски начин.

Словенечкото претседателство нагласи дека победата на проевропските сили во Србија ќе и помогне на земјата да продолжи да чекори на патот кон ЕУ и да добие статус на кандидат.

- Победата на проевропските сили во Србија е изненадувачко голема и таа победа е добра вест за Југозападна Европа, за Балканот и за Словенија, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел.

Според Рупел победата на коалицијата на Тадиќ е важна за стабилноста во регионот и за натамошниот економски развој на земјата.

Коалицијата „За европска Србија“ освои 36,69 проценти од гласовите или 102 мандати во 250-члениот српски Парламент, според најновите податоци на Републичката изборна комисија (РИК), објавени врз база обработка на податоците во 33,91 проценти од избирачките места.

Српската радикална партија освои 28,57 проценти од гласовите или 80 мандати, а коалицијата предводена од Демократската партија на Србија на Вослав Коштуница е трета со 13,54 отсто од гласовите или 37 пратенички места.

Коалицијата, предводена од Социјалистичката партија на Србија освои 9,14 проценти или 25 мандати.

Останатите политички сили, вклучувајќи ја и Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ не го минаа петпроцентниот праг за влез во Парламентот, соопшти РИК. Според РИК ЛДП освои 4,64 проценти од гласовите, но Јовановиќ смета дека неговата партија добила 5,2 отсто од гласовите и оти ќе има 13 или 14 мандати во новиот парламентарен состав.

Според РИК избирачката актиовност изнесувала 62,48 отсто.

Согласно законот конечните резултати од изборите ќе бидат соопштени не подоцна од 96 часа од завршувањето на гласањето, односно на 15 мај до 20 часот.

Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) на локалните избори во Белград и во Војводина води проевропската коалиција, а на Косово, каде беа организирани избори и покрај тоа што УНМИК соопшти дека тие не се легални, победија радикалите. ац/7:39

 

###

Кушнер: Србија ја избра Европа

Париз, 12 мај (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер ја поздрави победата на коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ на парламентарните избори во Србија и нагласи дека српските граѓани „јасно ја избрале Европа“.

Во соопштението од француското МНР се наведува дека Кушнер во телефонски разговор со претставници на ДС им честитал за убедливата победа на изборите.

Францускиот државен секретар за европски прашања Жан-ПJер Жуие исто така изрази задоволство од резултатите на изборите.

- По овие избори ќе продолжиме да ја конкретизираме европската перспектива на Србија, изјави Жуие и додаде дека Србите знаат дека можат да сметаат на Европа и Франција. дб/јт/7:32 

###

Коалицијата „За европска Србија“ прогласи победa на изборите во Србија

Белград, 11 мај (МИА) - Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ вечерва прогласи победа на денешните предвремени парламентарани избори во Србија.

- Во овој момент е важно тоа што граѓаните на Србија без сомнеж го потврдија јасниот европски пат на Србија, изјави Тадиќ на прес-конференција во Белград на која ја прогласи победата на изборите на неговата коалиција.

Тој нагласи дека сега е најважно да се формира нова влада што е можно побрзо.

Српската Републичка избора комисија (РИК) соопшти дека според досега обработените податоци коалицијата „За европска Србија“ освоила 35,06 отсто од гласовите, а Српската радикална партија (СРС) 28,12 проценти.

Коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и Нова Србија (НС) осволила 10,75 проценти од гласовите, блокот предводен од Социјалистичката партија на Србија (СПС) 10,75 отсто, а Либерално демократската партија (ЛДП) 3,95 проценти, покажуваат податоците на РИК.

Според српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД), врз основа на 80 отсто од обработените податоци, коалицијата „За европска Србија“ освоила 39 отсто од гласовите, пред СРС за која гласале 28 проценти од избрачите што денеска го искористија своето гласачко право.

Врз основа на овие податоци, коалицијата „За европска Србија“ во идниот состав на Собранието би имала 103 пратеници, а радикалите 66.

Според ЦеСИД, коалицијата на ДСС-НС осволила 11 проценти од гласовите и 30 пратеници, блокот на социјалистите 8 отсто и 21 мандат, а ЛДП 5,2 проценти и 13 пратенички места.

Од партиите на малцинствата, Унгарската коалиција освоила 4 пратеници, „Листата за европски Санџак“ три, а коалицијата на Албанците од југот на Србија еден пратеник.

Изборниот штаб на коалицијата „За европска Србија“ информира дека овој блок освоил 38 отсто од гласовите, а радикалите 28,1 процент. Врз основа на овие резултати на коалицијата „За европска Србија“ и припаднале 103 пратенички места, а на СРС - 76. 

Според податоците на коалицијата „За европска Србија“, блокот на ДСС и НС освоил 11 отсто од гласовите и 30 пратеници, сојузот на СПС добил осум проценти и 21 мандати, а ЛДП освоила 5,4 отсто од гласовите и седум пратеници.

ДСС ги потврди ваквите резултати објавувајќи дека според нејзините досега обработени податоци, колаицијата на ДС освоила 38,1 проценти од гласовите, радикалите 29,1, а блокот ДСС-НС 11,8 отсто.

Членката на блокот „За европска Србија“, партијата Г17 Плус соопшти дека оваа коалиција победила и на изборите за членови на покраинското Собрание на Војводина освојувајќи 33,6 проценти од гласовите, пред СРС со 29,9 отсто.

Третопласирана на покраинските избори во Војводина е Унгарската коалиција со 9,1 отсто, пред Лигата на социјалдемократите на Војводина со седум, СПС со 5,6, ДСС со пет и ЛДП со четири проценти. 

На изборите за одборници во Собранито на Белград, според Г17 Плус, коалицијата „За европски Белград“ освоила 39,9 отсто од гласовите, пред СРС со 33,7, ДСС-НС со 11,3, ЛДП со 7,3 и блокот на СПС со 5,3 проценти.

Одѕивот на изборите бил над 61 отсто. сп/22:59

###

ЦеСИД: Коалицијата „За европска Србија“ победи на изборите во Србија (DPL)

Белград, 11 мај (МИА) - Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ победи на денешните вонредни парламентaрни избори во Србија, соопшти српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД).

Според ЦеСИД врз основа на 50 отсто од обработените податоци, коалицијата „За европска Србија“ освоила 39 отсто од гласовите, пред Српската радикална партија (СРС) за која гласале 28 проценти од избрачите што денеска го искористија своето гласачко право.

Врз основа на овие податоци, коалицијата „За европска Србија“ во идниот состав на Собранието би имала 103 пратеници, а радикалите 66.

Според ЦеСИД, коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и Нова Србија (НС) осволила 11,6 проценти од гласовите и 30 пратеници, блокот предводен од Социјалистичката партија на Србија (СПС) 8 отсто и 21 мандат, а Либерално демократската партија (ЛДП) 5,2 проценти и 13 пратенички места.

Од партиите на малцинствата, Унгарската коалиција освоила 4 пратеници, „Листата за европски Санџак“ - два или три, а коалицијата на Албанците од југот на Србија еден пратеник.

Изборниот штаб на коалицијата „За европска Србија“ информира дека овој блок освоил 38 отсто од гласовите, а радикалите 28,1 процент.

Потпреседателот на ДС, Драган Шутановац соопшти дека на коалицијата „За европска Србија“ и припаднале 106 пратенички места, а на СРС - 78. 

Според податоците на коалицијата „За европска Србија“, блокот на ДСС и НС освоил 11,5 отсто од гласовите и 32 пратеници, а сојузот на СПС добил 8,9 проценти и 25 мандати.

Обработените податоци на коалицијата „За европска Србија“ покажуваат дека ЛДП освоила 4,7 отсто од гласовите и не го минала изборниот праг. сп/22:04

###

ЦеСИД: Коалицијата „За европска Србија“ победи на изборите во Србија

Белград, 11 мај (МИА) - Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ победи на денешните вонредни парламентарни избори во Србија, соопшти српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД). сп/21:45

###

Косовската полиција заплени 20 килограми дрога

Приштина, 11 мај (МИА) - Косовската полициска служба откри и заплени 20 килограми дрога, најверојатно хероин, и уапси пет лица осомничени за шверц на наркотици, јави вечерва Радиотелевизија Косово (РТК).

Според истот извор, дрогата пристигнала во Косово од Турција и била намената за нарко пазарот во Швајцарија.

Минатата недела косовската полиција заплени 10 килограми хероин и уапси брачна двојка во чиј автомобил беше откриена дрогата. сп/21:07

###

Завршија вонредните парламентарни избори во Србија

Белград, 11 мај (МИА) - Вечерва во 20 часот заврши гласањето на вонредните парламентарни, покраинските и локалните избори во Србија.

На денешните избори за членови на српското Собрание граѓаните можеа да се изјаснат за 22 изборни листи.

Според податоците на српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД), до 19 часот одѕивот на изборите бил 54,2 отсто.

Извршниот директор на ЦеСИД, Зоран Лучиќ информира дека најголема излезност од 55,1 отсто имало во Војводина, во централна Србија одѕивот бил 54,1 проценти, во Белград - 53,8, а во Косово 52 отсто.

Лучиќ прогнозира дека до крајот на гласањето избирачкото право го оствариле околу 3,7 милиони избирачи или нешто над 55 отсто. сп/20:44

###

Бугарија ветува засилена борба против корупцијата

Софија, 11 мај (МИА) - Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска вети засилување на контролата на трошење на средствата од фондовите на ЕУ, откако Брисел реши да ја замрзне идната помош за Бугарија поради сомнежи за корупција при нејзината дистирбуција.

- Тоа не е едноставна работа. Ние мораме да покажеме конкретни резултати, изјави Станишев по седницата на неговата Влада.

Според него, замрзнувањето на помошта од програмите ФАРЕ и САПАРД, кои се намнети за новите членки на Унијата од Источна Европа, се „многу загрижувачи показатели“.

Од фондовите на ЕУ за Бугарија до 2009 година се наменти 6,853 милион евра, во најголем дел наменети за развој на инфраструктурата и за земјоделството.

Европската комисија најави дека ќе ги одмрзне средствата за Бугарија доколку Софија до јули покаже конкретни резултати во борбата против корупцијата. сп/19:15

###

Просечен одѕив и инциденти на изборите во Србија

Белград, 11 мај (МИА) - На денешните вонредени парламентарни, покраински и локални избори во Србија до 17 часот гласале 42,7 отсто од регистрираните избирачи, соопшти српската невладина организација Центар за слободни избори и демократија (ЦеСИД).

Според извршниот директор на ЦеСИД, Зоран Лучиќ, ваквиот одѕив е значително помал од оној на претседателските избори на почетокот на годината.

Ако продолжи ваквото темпо до крајот на гласањето се очекува своето избирачко право да го остварат околу 3,5 милиони избирачи или околу 54 отсто, информира Лучиќ.

Активистите на ЦеСИД регистрирале и неколку инциденти во текот на изборите. Според претставникот на ЦеСИД, Марко Благојевиќ, најесриозен инцидент на некое гласачко место се случил во Нови Сад, при што интервенирала и полицијата.

Во Нови Пазар дошло до тепачка меѓу активист на опозициската Либерално демократска партија и еден повозрасен гласач, додека во Ниш засега непознато лице го нападнало лидерот на локалниот огранок на партијата Г17 Плус и неговата сопруга.

Во селото Орашац, кај Обреновац, бил подметнат пожар во домот на кандитат за член на органите на локалната власт од редовите Демократската партија на српскиот претседател Борис Тадиќ.

Гласањето е прекинато на едно избирачко место во косовската општина Србица, поради тепачка меѓу членови на избирачкиот одбор и гласачи. сп/18:37

###

Во Грција уапсени повеќе од 170 илегални имигранти

Атина, 11 мај (МИА) - Припадници на грчката Крајбрежна стража во текот на викендов уапсија 172 имигранти, кои се обиделе илегално да дојдат до неколку острови во Егејското Море, соопшти денеска Министерството за трговска морнарица на Грција.

Во соопштението се наведува дека имиграните со чамци се обиделе од Турција да стигнат до бреговите на егејските острови Лезбос, Самос и Кос.

На три чамци во близина на Самос биле упасени 66 имигранти, меѓу кои и осум деца, во два чамци кај Кос биле откриени две групи со вкупно 51 лице, додека близу Лезбос биле задржани 55 имигранти, меѓу кои и пет деца.

Низ Грција минуваат повеќе рути по кои илегални имигранти од Азија и Африка се обидуваат да стигнат во земјите од западна Европа. сп/17:41

###

Штрајк на земјоделски работници-имигранти во Грција

Атина, 11 мај (МИА) - Повеќе од илјади имигранти кои работат на плантажи во Грција денеска протестираа на грчкиот полуосторв Пелопонез со барање за „похумани услови за работење“.

Како што соопшти секретарот на синдикатот ПАМЕ, Никос Гонтикас протести биле оджрани во градовите Неа Манолада и Вардас во западниот дел на Пелопонез.

Покрај подобрување на условите за работа, штрајкувачите бараат и зголемување на дневниците од 23 на 30 евра.

На почетокот на април земјоделски работници-имигранти одржаа тридневен штрајк во Неа Манолада. Тоа беше прв протест во историјата на земјата на странците ангажирани за работа на плантажите во Грција, каде често се изложени на експплоатација. сп/17:12

###

Зоран Милановиќ реизбран за лидер на хрватските социјалдемократи

Загреб, 11 мај (МИА) - Зоран Милановиќ денеска беше реизбран на функцијата претседател на најгилемата опозициска партија во Хрватска, Социјалдемократската партија (СДП). 

За реизборот на Милановиќ се изјасниле 79 отсто од 1.760-те делегати на денешниот Конгрес на СДП во Загреб. Против-кандидати на Милановиќ за местото лидер на хравтските социјалдемократи беа Даворко Видовиќ и Драган Ковачевиќ.

По реизборот Милановиќ најави дека ќе работи на зајакнување на партијата со цел да извојува победа на следните парламентарни избори, што треба да се одржат најдоцна до есента 2011 година.

- Социјалдемократската партија има план за подобра Хрватска и за промени кои земјата ќе ја направат подобро место за живеење, порача ново-стариот лидер на СДП.

Милановиќ беше избран за прв човек на СДП во јуни 2007 година, по смрта на долгогодишниот партиски лидер Ивица Рачан. Под водство на Милановиќ на изборите во ноември 2007 година, СДП оствари најдобар изборен резултат од 1990 година, освојувајќи 56 пратеници. сп/16:55

###

Турската армија уништила центар за пропаганда на ПКК во Северен Ирак

Истанбул, 11 мај (МИА) - Турската армија соопшти дека уништила центар за пропаганда на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак.

Операцијата била остварена во рамките на турската воздушна операција врз цели на ПКК во Северен Ирак, преземена вчера.

Центарот за пропаганда на Курдската работничка партија одржувал контакти со медиумите, како и пропаганда на сепаратистичките идеи на ПКК, се вели во соопштението на армијата.

Турски воени авиони вчера извршиле интензивни напади врз неколку десетици цели, меѓу кои клучни позиции на ПКК, распоредени во реоните на Авасин и Басјан во Северен Ирак.

Во соопштението на турската армија е посочено дека сите цели на ПКК се поразени, а сепаратистите се неутрализирани. нд/15:35



###

Иванко повтори дека српските локални изборите на Косово се нелегални за УНМИК

Приштина, 11 мај (МИА) - Портпаролот на УНМИК Александар Иванко повтори денеска дека меѓународната администрација на Косово нема да ги признае резултатите од српските локални избори, додавајќи дека нивното одржување е во спротивност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН, јави Танјуг.

Иванко истакна дека официјален Белград е запознаен со овој став, но дека „продолжува да ја крши резолуцијата“.

- Локалните избори се нелегални и нема да бидат валидни, бидејќи врз основа на Резолуцијата 1244 само мисијата на ОН на Косово може да организира локални избори. Нашиот став многу јасно го пренесовме на српската Влада, но тие сепак организираа избори и со тоа со тоа ја прекршија Резолуцијата 1244, за која велат дека ја поддржуваат, оцени Иванко.

Тој наведе дека што се однесува до парламентарните избори, за претставниците на УНМИК нивното одржување не е проблематично и дека нема да ги поддржи, а нема ниту да ги спречи. нд/14:48



###

Гласањето на изборите во Косово прекинато на едно избирачко место поради инцидент

Косовска Митровица, 11 мај (МИА) - Гласањето за парламентарните и локалните избори на Косово во моментот е прекинато на едно избирачко место во општината Србица, поради судири меѓу членови на избирачкиот одбор и избирачи, јави Танјуг.

Членот на Републичката изборна комисија за спроведување на изборите на Косово Вељко Одаловиќ изјави дека на избирачкото место 2 во селото Бање дошло до нереди, во кои учествувале членови на избирачки одбори и избирачи и оти гласањето е прекинато додека не се утврди колкав е степенот на нерегуларност.

Регионалниот портпарол на Косовската полициска служба Бесим Хоти изјави дека полицијата привела едно лице кое што учествувало во инцидентот.

- Лицето е приведено во потстаницата на полицијата во местото Суво Грло, општина Србица, а се товари за пореметување на јавниот ред и мир. Друго лице кое учествувало во инцидентот и кое се здобило со полесни телесни повреди е хоспитализирано, рече Хоти. нд/14:25




###

Албанија: Прифатени договорите за изградба на хидроелектрани под концесија

Тирана, 11 мај (МИА) - На предлог на албанското Министерство за економија, трговија и енергетика, албанската Влада ги прифати договорите за концесија со победничките компании на спроведениот тендер за изградба на пет хидроелектрани во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, фирмата „Дука Т2“ ќе ја гради ХЕЦ „Тучеп 2“, фирмата „К.И.С.И“ ќе ја гради ХЕЦ „Качни“, „Мак Олимпик“ ќе ја гради ХЕЦ „Стравај“ и фирмата „Аднаин“ ХЕЦ „Кабаш“ и ХЕЦ „Кабаш 2“. де/нд/14:20 



###

Мета со митинг против уставните промени

Тирана, 11 мај (МИА) - Движењето за социјалистичка интеграција на поренашниот албански премиер Илир Мета, со синоќешните протести одржани на плоштадот „Скендер бег“ во Тирана, го искажа незадоволството околу уставните промени усвоени од страна на албанскиот Парламент а кои деновиве ги декретира и претседателот Бамир Топи, јави дописникот на МИА од Тирана.

Против измените во Уставот кои беа усвоени на 21 април со гласовите на владејачките демократи и опозициските социјалисти, во делот за изборниот ситем, се и другите помали политички партии, кои, сметаат дека на овој начин им се ускратува можноста за влез во Парламентот.

Во обраќањето пред насобраните граѓани Мета задржувајќи се на, како што го нарече „атентатот врз Уставот“ оцени дека тоа е „тежок удар врз Уставот и оти нема да се дозволи никаков компромис по тоа прашање“.

- Нема да дозволиме Парламентот, судовите и уставните инситуции да бидат под репресивна контрола на премиерот Сали Бериша, порача Мета. - Ова го правиме за иднината на Албанија, и на нашите деца, рече Мета.

Со уставните измени, од мнозински изборите во оваа земја ќе се реализираат според регионален пропорционален систем.


Наjновo од Вести
Коњановски во посета на македонските мировници во Ирак
67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
Се надеваме дека Скопје ќе ја напушти непопустливоста
Авганистан ќе дозволи напад на фабриките со опиум
Балканот ризикува од нова војна
Србија да беше на местото на Македонија многу порано ќе преземеше ваков чекор
Во Свети Николе почна академската година на Меѓународниот славјански институт филијала во Македонија
Оли Рен изрази загриженост за напредокот на БиХ кон ЕУ
Сејдиу: Признавањето на Косово од страна на Македонија и Црна Гора придонес за мирот и стабилноста во регионот
Собранието на Косово им се заблагодари на Црна Гора и на Македонија
„Економист“: Меѓународниот суд го успорува признавањето на Косово
„Зери“: Црна Гора ја збесна Србија
Турската армија нападна позиции на курдски бунтовници во Северен Ирак
Хашим Тачи им се заблагодари на Црна Гора и на Македонија за признавањето на Косово
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи