
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Коштуница и Николиќ разговараа за формирање влада
Белград, 12 мај (МИА) - Лидерот на коалицијата Дермократска партија на Србија-Нова Србија Воислав Коштуница и лидерот на Српската радикална партија Томислав Николиќ денеска разговараа, за прв пат по вчерашните парламентарни избори, за формирање на идната влада, изјави за Танјуг портпаролот на Демократслата партија на Србија Андреа Младеновиќ.
Младеновиќ посочи дека очекува разговороте за составување на идниот кабинет со СРС да продолжат, но исто така спомена дека разговори ќе се водат и со Социјалистичката партија на Србија и Бошњачката листа за европски Санџак, во која главниот збор го има Партијата за демократска акција на Сулејман Угљанин.
Српскиот претседател Борис Тадиќ, чија коалиција води на парламентарните избори во Србија со околу 39 отсто освоени гласови, според првичните неофицијални резултати, денеска исто така прогнозираше дека ќе му претстојат „тешки преговори“, забележуваат светските агенции.
-Вие славете, но јас треба да одам на преговори, изјави Тадиќ утринава пред репортерите во Белград.
Очекувањата се дека Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ ќе добие покана за влегување во Владата и од радикалите на Николиќ и од демократите на Тадиќ, забележуваат агецниите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|