
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Албанската полиција заплени 600 килограми марихуана
Тирана, 12 мај (МИА) - Албанската полиција денеска заплени околу 600 килограми марихуана сокриена во камион што бил запрен на патот во близина на местото Тепелин, јави Танјуг.
Портпаролто на полицијата во округот Џирокастро Џентијан Мулаи изјави дека 35-годишниот возач на камионот Бесник Бронкери, жител на Валона, одбил да ја послуша наредбата на полицијата за преглед на камионот.
Бронкери се обидел да го одземе пиштолот од еден од полицајците, но во тоа не успеал. Потоа почнал да бега, а полицијата тргнала по него и го ранила, пренесе албанската агенција АТА.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|