
|
 |
Вести / Балкан
Хашим Тачи: По изборите Србија ќе биде подемократска држава
Лондон, 12 мај (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека по изборите во Србија ќе има повеќе демократија и оти тоа е добро за регионот.
- Мислам дека граѓаните на Србија одлучија да се свртат кон иднината, а не кон минатото. Тоа покажува дека српските политичари се свртеа кон Европската унија и кон НАТО. Тоа е добра вест за Србија и за нејзиниот народ. Тоа значи дека во Србија ќе има повеќе демократија, а и повеќе мир и стабилност во регионот, изјави Тачи во интервју за Би-Би-Си.
Тачи на српскиот претседател Борис Тадиќ му порача повеќе да мисли на Брисел отколку на Косово.
- И тој знае дека Косово е независна, суверена и демократска земја. Косово и јас лично подготвени сме да соработуваме со Србија за подобра иднина на нашите држави и народи, истакна косовскиот премиер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|