Вести / Балкан
Околу два милиона Романци работат во странство
Букурешт, 12 мај (МИА) - Околу два милиона Романци, на возраст меѓу 15 и 65 години, во моментов работат во странство, а од нив 250.000 имаат работни договори на помалку од една година, денеска соопшти романскиот Национален завод за статистика.
Директорот на Заводот Јон Гизденау, за агенцијата Ромпрес, изјави дека меѓу 700.000 и 750.000 Романци работат на подолг период од една година, но без официјални договори за работа, додека 700.000 до 800.000 Романци во странство работат повремено.
-Откако Романија стана членка на Европската унија, бројот на луѓето кои ја напуштаат земјата за да работат во странство се намали, изјави Гизденау.
Се очекува бранот емиграција да се намали до 2013 година, но Романија дотогаш веќе ќе има недостиг од работна сила од околу 400.000 лица, додаде директорот на заводот за статистика.
|
|