
|
 |
Вести / Балкан
Еден загинати и деветмина повредени при сообраќајна несреќа кај Скадар
Тирана, 12 мај (МИА) - Едно лице загина, тројца се тешко, а шестмина полесно повредни кога комби што превезувало градежни работници излетало од патот и паднало во провалија длабока 200 метри во близина на албанскиот град Скадар.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, несреќата на комбито марка „Ивеко“ се случила денеска кај местото Шлак, на патниот правец Скадар- Визе.
Според полицијата, засега не се познати причините за излетувањето на возилото од патот.
Во комбито освен осуммина градежни работници, се наоѓале и две случајни патнички, од кои едната го загубила животот при несреќата
Повредените патници се хоспитализирани во болницата во Скадар.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|