
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Изборите во Србија минаа во согласност со демократските стандарди, оценија Советот на Европа и ОБСЕ
Белград, 12 мај (МИА) - Изборите во Србија беа добро организирани и спроведени во согласност со стандардите на Советот на Европа и ОБСЕ за демократски избори, бидејќи на избирачите им се даде шанса слободно да се определат, оценија денеска во Белград шефовите на набљудувачките мисии на СЕ и ОБСЕ.
Шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Шарл Гардето изјави на прес конференцијата дека е импресиониран од излезноста и дека тоа сведочи за довербата на избирачите во изборниот процес.
-Српскиот народ слободно ја изрази својата волја. Сега е потребно новиот парламент да ги исполни очекувањата на избирачите, што ја вклучува потребата да се формира функционална и ефикасна коалиција која ќе биде во состојба да работи во корист на граѓаните на Србија, рече Гардето.
Претставниците на меѓународните набљудувачка мисија, која ја сочинуваат Парламентарното собрание на Советот на Европа, ОБСЕ и Канцеларијата за демократски институции и човекови права, наведоа дека на изборите сепак имаше помали неправилности, но и укажаа дека сенка на изборите фрлија прозивките и заканите кон највисоките функционери во текот на предизборната кампања.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|