понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Во Албанија запленет добиток шверцуван од Војводина

Тирана, 14 мај (МИА) - Припадниците на албанската гранична полиција на падините на планината Коритник на границата со Косово, пресретнале и заплениле група од 10 јунци тешки до 400 килограми, за кои постои основано сомневање дека се прошверцувани од Војводина, јави дописникот на МИА од Тирана.

Добитокот е забележани веднаш откако ја минал границата. Полицијата не успеала да ги открие шверцерите кои успеале да се скријат во густата шума.

Јавна тајна е дека повеќе лица од подрачјето на Кукс, но и од Тропоја и Хас, со години вршат шверц на крупен добиток, пред се од Војводина. Локалната полиција само лани успеала да заплени над 300 грла добиток, но повеќе од сигурно е дека бројот на шверцуваниот добиток е за неколку пати поголем.

Добитокот во Војводина шверцерите го купувале за едно евро по килограм а го продавале, претежно на пазарот во Тирана по пет евра. Во последните години појава на шверц на добиток имаше и тоа на големо и на македонско албанската граница кај Дебар. Но со зајакнатите мерки се поретки се обидите да се шверцува добиток кон Албанија.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи