среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Вести / Балкан

Србија може да добие статус кандидат за членство во ЕУ до крајот на годината

Белград, 14 мај (МИА) - Србија може да добие статус на кандидат за членство во Европската унија до крајот на годината и тоа на државата ќе и донесе неколку стотини милиони евра, изјави директорот на Канцеларијата за европски интеграции Тања Мишчевиќ за весникот Блиц.

Ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација од државите-членки на Унијата според неа, нема да биде услов за кандидатурата за членство, но Договорот треба да биде ратификуван од српскиот парламент, наведува весникот. 

Таа нагласи дека постои можност за забрзување на процесот на давање статус кандидат на Србија. 

„Можеме побргу и од Хрватска да ги подготвиме документите кои содржат одговори за ЕУ“, вели Мишчевиќ. Хрватска доби датум за преговори за статус на кандидат еден ден откако беше пронајдено местото каде се наоѓаше Анте Готовина кој беше баран од Хашкиот трибунал зашто соработката со Трибуналот беше услов за почнување преговори со ЕУ, наведе таа. 

Според неа, државата-кандидат за членство добива минимум трипати повеќе средства, а во некои случаи и десетпати повеќе. 

Повикувајќи се на изјави на извори од Социјалистичката партија на Србија и Демократската партија, весникот Блиц тврди дека е многу близу постигнување договор за формирање пост-изборна коалиција. Весникот тврди дека договорот треба да биде склучен до крајот на мај. 

Според весникот, договорот е постигнат и покрај големите притисоци на кои бил изложен во изминатите два дена лидерот на СПС Ивица Дачиќ. Пресинг на Дачиќ вршел во име на ДПС-НС-СРП Александар Никитовиќ, шеф на Кабинетот на премиерот Восилав Коштуница, барајќи од него постизборна коалиција СРП-ДПС-НС.

Истовремено на Дачиќ не му е оставена ниту минута од најкрупните српски бизнисмени кои се и главни финансиери на ДСС и СРС.

Бизнисмените немале лимит во ветувањата за финансирање на партијата на Дачиќ. Според информациите на Блиц, имало и уцени не само за лидерот на СПС туку и за останатите членови на неговата коалиција за да ги добијат нивните мандати за формирање влада СРС-ДПС-НС.

Претставници на коалицијата СПС-ПУПС-ЈС денеска ќе имаат разговори со претседателот на ДСС Восилав Коштуница за начинот и политичките цели за формирање парламентарно мнозинство.


Наjновo од Вести
Бернанки: Финансиската криза се уште не поминала
Би-Би-Си: Економијата на Косово е во многу лоша состојба
Дебар домаќин на Регионална средба на цивилните инвалиди од војната
Катастарот за лозови насади ќе биде готов до крајот на годината, најавува министерот Спасеноски
Фестивал на аматерски театари „Лица без маски“ од 16-ти до 20 мај
Повторно блокиран железничкиот сообраќај со Грција, возовите ќе стојат до 15 мај
Малики пристигна денеска во Мосул за да раководи до воената офанзива против Ал Каеда
Статуа со гулаб ќе биде поставена во Истанбул во спомен на убиениот новинар Хрант Динк
Министрите на ЕУ усвоија инвестициска рамка за Западен Балкан
Во Грција за утре најавен нов штрајк
Де Марнак: Српските локални избори нема да влијаат на безбедноста
Кипарскиот претседател го прими новиот спрецијален претставник на ОН за Кипар
Лавров: Резултатите од изборите го потврдија демократскиот карактер на Србија
Јапонските инвестиции во Романија изнесуваат шест милијарди евра
Хашкиот трибунал дозволи на поранешен косовски министер и негов заменик враќање на Косово до почетокот на судскиот процес
Србија може да добие статус кандидат за членство во ЕУ до крајот на годината
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи