
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Би-Би-Си: Економијата на Косово е во многу лоша состојба
Приштина, 14 мај (МИА) - Осум години по бомбардирањето на НАТО, и покрај големите донации и советите на меѓународните експерти економијата на Косово е во многу лоша состојба, а особено голем проблем е недостигот на електрична енергија, коментира денеска лондонски Би-Би-Си.
- Граѓаните меѓу другото прашуваат во чии џебови заврши донацијата вредна дури милијарда и пол долари наменета за обнова на енергетската инфраструктура, наведува Би-Би-Си и додава дека без струја тешко дека ќе може да се придвижи било каква економска активност.
Дописникот на Би-Би-Си наведува дека прекините при испораките на електрична енергија се вообичаена појава во Приштина и дека на секој чекор може да се чуе работењето на генератори.
Би-Би-Си потенцира дека недостигот на електрична енергија не ги засега само фирмите, туку и болниците и животите на обичните луѓе.
Експертите наведуваат дека капацитетот на Косовската електроенергетска корпорација (КЕК) изнесува околу 800 мегавати струја дневно, но потребите на Косово се далеку поголеми.
- Приходите на КЕК се значително намалени поради фактот дека луѓето на Косово масовно не плаќаат или крадат струја, а КЕК поради тоа годишно губи околу 40 отсто од приходите, изјави за Би-Би-Си портпаролот на компанијата Незир Синани.
- Стопанската комора на Косово признава дека во таква ситуација е тешко да се привлечат странски инвестиции, наведува Би-Би-Си.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|