
|
 |
Вести / Балкан
Меккормак: Статусот на Косово е решен
Вашингтон, 16 мај (МИА) - Американската администрација смета дека прашањето на статусот на Косово е решено, изјави синоќа Шен Меккормак, портпарол на Стејт департментот.
- Имам вест за сите вас:Статусот на Косово е решен, тоа е независна држава, изјави Меккормак.
Неговата изјава беше дадена по залагањата на Русија, Кина и Индија за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина.
Министрите за надворешни работи на Русија, Кина и Индија, Сергеј Лавров, Јанг Џечи и Пранаб Мукерџи истакнаа вчера во Екатеринбург дека е важно „прашањето за Косово да се решава во согласност со нормите на меѓународното право со водечка улога на ОН и врз основа на договор меѓу страните“.
Досега од 192 држави-членки на ОН едностраниот акт на привремените институции на Косово го признаа само 40.
- Зборувавме за косовскиот проблем. Сметаме дека тој треба да се решава само врз основа на меѓународното право, изјави Лавровпо тристраната средба во Екатеринбург на која учествуваа неговите колеги од Индија и Кина.
Во декларација е наведена принципиелната позиција за тоа дека едностраното прогласување независност на Косово е во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
- Русија Кина и Индија се со став за обнова на преговорите меѓу Белград и Приштина во меѓународно правни рамки и за постигнување согласност меѓу нив за сите проблеми на таа српска област, изјави вчера Лавров.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|