
|
 |
Вести / Балкан
Демократите на Коштуница, социјалистите и радикалите постигнаа договор за основните принципи за формирање коалициска влада
Белград, 15 мај (МИА) - Претставници на социјалистите и на радикалите вечерва по тројната средба соопштија дека е постигнат договор за принципите на формирање заедничка влада на коалицијата Демократска партија на Србија - Нова Србија, Социјалистичка партија на Србија - Партијата на обединетите пензионери на Србија и Единствена Србија, како и на Српската радикална партија.
Лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, рече дека СРС и ДСС-НС, го прифатиле нивниот принцип за социјална правда.
Потпретседателот на СРС, Гордана Поп Лазиќ, рече дека бил постигнат договор по однос основните принципи и оти разговорите ќе продолжат утре. Таа додаде дека постојат големи шанси бргу да се дојде до парламентарно мнозинство.
Состанокот се одржа во седиштето на ДСС.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|