
|
 |
Вести / Балкан
Г-17 плус не сака со социјалистите во иста влада доколку тие го поддржат радикалот Александар Вучиќ за градоначалник на Белград
Белград, 15 мај (МИА) - Претседателството на Г-17 плус денеска одлучи да му предложи на Главниот одбор на партијата да не го прифати учеството на СПС во новата влада , доколку социјалистите во Белград ја формираат власта со радиклаите или го поддржат Александар Вучуќ или кој било друг кандидат на СРС за градоначалник на Белград, пренесува Танјуг.
„Белград е престолнина на европска Србија и мотор на нејзиниот развој и поради тоа Г-17 плус нема да учествува во републичката влада со оние кои на кој било начин го кочат развојот на Србија“, се наведува во соопштението на партијата.
Г-17 плус смета дека СПС „не може да седи на две столчиња“.
Социјалистите треба итно да одлучат дали сакаат да бидат во тимот кој Србија забрзано ја води кон Европската унија или со оние кои ќе ја турнат во изолација и неизвесност, се наведува во соопштението.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|