
|
 |
Вести / Балкан
Албанија и Косово разработуваат заеднички бизнис-проекти
Тирана, 15 мај (МИА) - Албанија и Косово работат на изнајдување начини како најдобро да ги приближат стопанствата, притоа фокусирајќи се на енергетски проекти, инфраструктурата и трговијата.
- Енергијата е еден од најголемите предизвици на светот и на Балканот. Ние не треба да ја испуштаме шансата да ги хармонизираме, не само политиката, туку и проектите, изјави Генч Рули, албанскиот министер за економија, енергетика и трговија.
Албанија и Косово се соочуваат со недостиг на електрична енергија, бидејќи не поседуваат доволно капацитети за производство струја. Но, богатите наоѓалишта на лигнит на Косово би можеле да ги покриваат потребите од енергија на Албанија во текот на земата, во услови кога не и се доволни капацитетите на нејзините хидроцентрали, а албанската страна би ја враќала услугата во текот на пролетта, кога има доволно струја.
Албанското електростопанство КЕШ и косовското КЕШ, потпишаа меморандум за изградба на термоцентрала на лигнитните наоѓалишта во Косово. Косовскиот министер за енергетика, Јустина Пула-Широка изјави дека новата Влада се придржува кон плановите за изградба на голема, најверојатно 200-мегаватна термоцентрала на Косово.
Албанија истовремено гради собраќајница кон Косово, проект вреден повеќе од 600 милиони евра, што има за цел да ја унапредува меѓусебната соработка во областа на трговијата и туризмот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|