
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Брканица на мачка и глушец доведе до прекин на струјата во Тирана
Тирана, 16 мај (МИА) - Брканица меѓу мачка и глушец во главната електрана во Тирана предизвика 72-часовен прекин на струјата во неколку квартови од албанскиот главен град, соопшти денеска албанската електродистрибуција КЕШ.
- Мачката и глушецот влетале во каблите под висок напон, изјави портпаролот на КЕШ, покажувајќи снимки од животните кои доживеале струен удар. - Ги направивме фотографиите затоа што никогаш претходно немавме видено нешто слично, додаде таа.
Албанците постојано се жалат на чести прекини на струјата кои траат со децении. Повеќето продавници и домови во Тирана користат нафтени генератори.
Како главни причини за лошото снабдување со струја се сушата и распадот на електричната мрежа изградена во времето на комунизмот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|