
|
 |
Вести / Балкан
|
|
НАТО се подготвува да ја обучува идната армија на Косово
Приштина, 16 мај (МИА) - НАТО ќе помогне во воспоставувањето безбедносни сили на Косово, и покрај приговорите кои ги доби, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.
Шефот на Командата на здружени сили на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фицџералд изјави вчера во Приштина дека разгворите за воспоставување безбедносни сили на Косово се интензивирани поради политичките фактори.
- Се разговара за тоа кои држави ќе ја спроведуваат обуката и како ќе се изврши трансформацијата, изјави Фицџералд.
Тој потсети дека според планот на Ахтисари, Косовскиот заштитен корпус треба да биде укинат „на достоинствен начин“ и во догледен рок е заменет со косовските безбедносни сили, кои ќе ги вклучат припадниците на сите заедници.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|