
|
 |
Вести / Балкан
Се уште без план за реконструкција на УНМИК
Приштина, 16 мај (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун нема да изнесе предлог за своите идеи за „реконфигурација“ на УНМИК по 15 јуни, бидејќи Брисел и Њујорк не успеаја да се усогласат за иднината на меѓунардоното присуство на Косово, објави денеска приштинскиот весник Зери.
Повикувајќи се на дипломатки извори во Њујорк весникот наведува дека разговорите меѓу претставници на Европската унија и ОН не резултирале со согласност која би ги одредила идните односи и врски меѓу УНМИК, Меѓународната цивилна канцеларија и Еулекс на Косово по 15 јуни кога на сила стапува новиот косовски устав.
Весникот додава дека косовските политички институции не се вклучени во разговорите за реконструкција на УМНИК.
Косовското раководство го поддржува планот на Ахтисари според кој УНМИК треба да го напушти Косово по четиримесечен период на транзиција, потсетува весникот и додава дека според тој документ, тоа сценарио веќе не е планирано.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|