
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Романија се соочува со толку големи проблеми што е можно да се применат заштитни клаузули од ЕК
Букурешт, 16 мај (МИА) - Во нацрт извештај на Европската комисија направен во април се наведува дека Романија се соочува со толку големи проблеми во областа на правосудството и земјоделието што е можно да се применат заштитни клаузули, јави радио Слободна Европа.
Во Букурешт претставници на Владата се убедени дека тоа не може да се случи.
Портпаролот на Комисијата Марк Греј не потврдува за постоење нацрт извештај туку за извештај за напредокот на Романија и Бугарија. Станува збор за годишниот извештај кој традиционално се публикува во почетокот на јули.
Според портпаролот, претставници на Комисијата знаат точно кои се слабите места на Романија од „таканаречениот механизам за проверка и соработка во судството“, кој означува изготвување периодични извешати.
Букурешт досега не го решил проблемот со корупцијата, не е променет Кривичниот законик и нема методологија за фунцкионирање на Националната агенција за транспарентност. И покрај сето тоа, портпаролот наведува дека „постои напредок“ од последниот извештај на ЕК.
Имено, тој вели дека Националната агенција за транспарентност постои и функционира.
Со евентуално воведување на заштитните клаузули само во земјоделието Романија ќе има 25 отсто помалку средства од ЕУ.
Скептицизмот поврзан со влегувањето на Романија и Бугарија во ЕУ го застапува и Мајк Емерсон од Центарот за европска политика. Тој тврди дека „преовладува мислење во Брисел дека членови на Европскиот совет погрешиле кога им гарантирале на двете држави дека ќе влезат во 2007 или 2008 година“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|