
|
 |
Вести / Балкан
Српскиот патријарх Павле одби да се повлече од тронот
Белград, 16 мај (МИА) - Српскиот патријарх Павле ги отфрли барањата на делегацијата на владици од Српската православна црква (СПЦ), кои од името на црковниот Синод, побараа од него доброволно повлекување од тронот на српската црква, соопштуваат денешните српски весници.
Тројца владици го посетија патријархот во болничкиот апартман во Военомедицинската академија во Белград по барање на Синодот, кој заседава од вчера, со цел лично и врз основа на медицинските извештаи да ја проценат здравствената состојба на патријархот Павле и способноста да управува со СПЦ, и доколку не е во состојба да го прави тоа, да го убедат да се повлече, пишува „Блиц“.
Доколку патријархот го прифатеше барањето редовното заседание на Синодот ќе се претвореше во изборно.
Според дел од архереите на Синодот, кои се залагаат за избор на нов патријарх, Павле бил во состојба „далеку од сенилност“.
По барањето на некои архиереи за избор на нов патријарх, патријархот изјави дека Синодот нема да добие негов потпис за оставка и пензионирање, бидејќи дожноста на патријархот е доживотна.
Извор на весникот „Блиц“ заклучува дека нема да има избор за нов патријарх на ова заседание на Синодот и дека без согласност на патријархот, кое го нема, нема да биде определен нов времен заменик.
Весникот дополнува дека според редовниот медицински извештај се констатира дека здравствената состојба на патријархот е задоволителна.
Патријархот Павле во Военомедицинската академија се наоѓа од ноември 2007 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|