
|
 |
Вести / Балкан
Букурешт поставува модерен систем за регулирање на сообраќајот
Букурешт, 16 (МИА) - „Интелегенти семафори беа ставени во функција на 20 крстосници во романскиот главен град Букурешт“, објави денеска весникот Романија либера.
До крајот на годината со новиот систем на работа на семафорите ќе бидат опфатени вкупно 140 крстосници.
Семафорите ќе се контролираат од команден центар кој има задача да олесни движење со посредство на контролирање на времето на чекање на семафор по најфрекфентните улици.
Во контролниот центар има постојано набљудување на движењето на крстосниците каде се инталирани видео-камери.
Според авторите на проектот, со тој систем ќе се олесни движењето на автомобилите за 35 отсто.
На возилата за итна медицинска помош,пожарните и полициските автомобили ќе им се обезбеди постојано „зелено светло“ со новиот систем.
Градоначалникот на Букурешт изјави дека градот има „систем за регулирање на сообраќајот што е најмодерен во светот“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|