недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Балкан

Британската кралица Елизабета Втора ја заврши посетата на Турција давајќи и силна поддршка за ЕУ

Анкара, 16 мај (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип денеска ја завршија четиридневната официјална посета на Турција, на која таа ја подвлече цврстата британска поддршка на кандидатурата на Турција за приклучување кон ЕУ, соопшти ИТАР ТАСС. 

Британската амбасада во Анкара приреди прием во чест на Елизабета Втора , на кој беа поканети претставници на државниот врв на земјата, лидери на партии и познати, забележа ИТАР ТАСС. Токму на приемот се оствари неформална средба на кралицата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, на кој, според очевидци, Елизабета Втора ја изразила поддршката на Лондон за стремежот на Анкара за присоединување кон ЕУ.

Пред заминување од земјата, кралицата на пат за аеродромот ја посетила и резиденцијата на турскиот претсдател Абдула Ѓул.

На официјалната вечера, приредена во нејзина чест од страна на турскиот претседател, кралицата ја опиша Турција како докажана и динамична демократија.

-За нас Турција е толку важна, како што од секогаш и била, изјави кралицата. „Перспективите за присоединување кон ЕУ веќе и помогнаа за поттикнување на промените, кои го подобруваат животот на луѓето“, посочи Елизабета Втора и додаде дека Турција е во уникатна ситуација како мост меѓу Истокот и Ззпадот во одлучувачкиот миг за ЕУ и за светот во целина. 

За време на четиридневната посета на Турција кралицата ги посети Анкара, Бурса и Истанбул.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
Босански суд осуди на 18 години затвор поранешен босански српски воен командир
Оставката ја поднесов за да ја шокирам Европа и Хрватска
Неопходна е промена на Дејтонскиот договор смета членот на босанското претседателство Жељко Комшиќ
Продолжува пребројувањето на гласовите од праламентарните избори во Албанија
Парламентарни избори во Бугарија: Победникот извесен, но не и идната владина коалиција
Хрватскиот сабор ја прифати оставката на Санадер
Турција камен на сопнување за шведското претседателство со ЕУ
Симтоми на новиот грип откриени кај турсти од САД и Панама во Северна Грција
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи