
|
 |
Вести / Балкан
Фрид: САД ќе издвојат 400 милиони долари помош за Косово
Вашингтон, 3 јули (МИА) - Во рок од четири години Косово ќе добие финансиска помош од САД во висина од 400 милиони долари, изјави американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид пред одржувањето на меѓународната донаторска конференција на 11 јули во Брисел, организирана од САД и ЕУ.
Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш најави дека на претстојната конференција во Брисел ќе бидат преземени обврски за помош на Косово со вкупна сума „многу поголема од една милијарда долари“.
- Тоа ќе и помогне на косовската Влада да направи добар почеток, смета Фрид.
Американската администрација пред една година поднесе во Конгресот официјално буџетско барање за давање помош на Косово, кога се уште не беше прогласена независноста. Според анонимни извори, Конгресот веќе одобрил околу 291 милион долари од предвидените средства за оваа цел.
Се претпоставува дека финансиската помош за Косово ќе биде употребена за формирање на институциите на власта, вклучувајќи ги и полицијата и судскиот систем, како и за подобрување на економскиот развој и намалување на стапката на невработеност, која изнесува околу 45 отсто.
Дел од средствата ќе се употребат и за подмирување на дел од долгот на Србија, кој Косово е подготвено да го преземе.
Данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Мелер, исто така, најави дека неговата земја ќе издвои 15 милиони евра за Косово.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|