Во Бугарија на аукција лимузините на високи функционери на поранешниот комунистички режим
Софија, 3 јули (МИА) - Лимузините на поранешни високи функционери на комунистичкиот режим во Бугарија ќе бидат ставени на аукција во Софија.
Меѓу нив има долги црни лимузини, со завеси на прозорите, во кои некогаш се возеле познати гости од странство, како поранешниот кубански претседател Фидел Кастро и првата жена-космонаут Валентина Терешкова.
За најзачуваните автомобили, меѓу кои се и познатите руски „чајки“, тешки два и на чии под има поставено персиски теписи, почетната цена изнесува 18.500 долари.
Аукциската продажба ја организира Агенцијата за управување и грижа за државниот возен парк, а се спроведува на иницијатива на некогашната тајна полиција.
|